Кипарската Православна Црква објави за чудата што се случија со верниците за време на престојот на моштите на Св.
Лука Кримски на Кипар. Кивотот со честичка од моштите бил донесен од Крим за поклонение на верниците на Кипар. Светињата пребивала на островот од 31 мај до 14 јуни.
Како што раскажа Митрополитот Тамасоски и Оринијски Исаија во писмото кон Митрополитот Киевски и на цела Украина Онуфриј, една жена две недели пред пристигнувањето на светите мошти, го видела на сон Светителот кој ја известил за болеста што таа не ни знаела дека ја има и ѝ кажал дека ќе ја исцели кога кивотот со мошти ќе пристигне во селото Св. Варвара на 1 јуни.
„Жената посетила лекар кој ја потврдил дијагнозата на болеста. Таа се исцелила, како што самата нѐ извести, во времето кога светињата се наоѓала во храмот“, се вели во писмото.
Второто чудо се случило со три годишно дете кое страдало од леукемија.
„Неговиот татко безуспешно се трудел да најде соодветен донатор за пресадување на коскената срж. Тие присуствувале на молебен кон Светителот, и следниот ден се нашол соодветен донатор“, пишува Митрополит Исаија.