ЧУДО: “Мира Стојческа пратеник од СДСМ со легендарна изјава!?”

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека зголемувањето на акцизата негативно влијаело врз буџетот на секое семејство.

– „Вкупните дополнителни трошоци од покачување на акцизата со кој ќе ја намалиме конкурентноста на македонскиот транспорт и ќе ги зголемиме трошоците кои ќе влијаат директно врз трошоците на производство врз трошоците на финалните производи за консумација на граѓаните и за трошоците на патниот сообраќај“, рече Драган Цуклев, ВМРО-ДПМНЕ, пренесе “TВ Алсат”.

Предлогот на опозицијата не ја доби поддршката од мнозинството во првото читање во Комисијата за финансирање со образложение дека повисоката акциза не влијае врз сиромашните.

„Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил“, нагласи Мира Стојчевска, СДСМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.