Имаме голем проблем со водоснабдувањето бидејќи ЈП Комуна е во катастрофална состојба. Презадолжено со обврски од околу 45.000.000 милиони денари, по превземањето на дел од долгот од страна на општината е околу 31.000.000 денари – истакна во синоќешното гостување во “Вечерното шоу на Богдан Илиевски”, кандидатот за градоначалник на општина Крушево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Нико Чонески.
Чонески потенцираше дека обврските на ова јавно претпријатие од 13 милиони денари се искачиле на 45 милиони откако Томе Христоски ја предводи општината.
-Само еден податок ќе ви кажам, како е можно такво домаќинско раководење на градот кога вие имате загуба на вода од 70%. Ние купуваме вода од системот Студенчица. Еве да речеме ние купуваме 100 литри, а фактурираме за 30 литри, колку наплаќаме тоа е друга работа, фактурираме за 30 литри а 70 литри не знаеме каде се. Знаеме ама не ги решаваме. Загубата на водата е во многубројни дефекти и диви приклучоци – рече Чонески.