Човекот што го победи Реал Мадрид дојде во СОУ “Добре Јованоски” во Прилеп (ФОТО)

Еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња, Перо Блажевски, денеска е во Прилеп, каде ја предводи екипата на КК Маџари во плеј-оф дуелот за пласман во Втора лига со прилепската кошаркарска екипа Мега Баскет.

Блажевски е еден од кошаркарите со најголем број настапи за репрезентацијата на Македонија, а беше стрелец на победничките поени за МЗТ Скопје во историскиот триумф над Реал Мадрид во 1996 година.

Како тренер работеше во Работнички, МЗТ Скопје, Кожув, а оваа сезона своето огромно знаење и искуство го стави во служба на КК Маџари.

Мега Баскет и Маџари ги победија двата четвртфинални дуели од плеј-оф разигрувањето, па сега меѓусебе одлучуваат кој ќе патува во повисок ранг на натпреварување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.