Човекот кој со злaтни букви е запишан во историјата на Црвена Ѕвезда за српски “Курир”: “ЅВЕЗДО ДОАЃАМ”

Човекот кој со златни букви е запишан во историјата на Црвена Ѕвезда е воодушевен од наследниците на Маракана! Дарко Панчев после долго време даде интервју за српските медиуми, во кое потполно отворено и од срце зборува за новата генерација на играчите на Ѕвезда, објави српски “Kурир”.

Ви пренесуваме дел од интервјуто на македонската фудбалска икона за српскиот портал.

Бари е еден и единствен и тешко дека некогаш ќе се повтори, но овој резултат е веднаш зад оној од 1992 година.

“Одлично, воодушевен сум. Од срце им честитам, пресреќен сум од моментот кога заврши мечот во Салцбург”, вели на почетокот од интервјуто Дарко Панчев за српски “Kурир”.

Значи ја гледавме утакмицата?

“Таман работа да не ја гледав, па тоа не се пропушта”, додава Панчев.

Запрашан дали Салцбург бил подобар, Панчев вели дека гледано од фудбалска страна, австрискиот тим бил подобар, но што е важно кога Ѕвезда се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите.

Панчев додава и дека во неговиот локал се славело два часа после утакмицата, а дал и пофалби за напаѓачите на Црвена Ѕвезда.

Тој упати порака до навивачката група на Ѕвезда, “Делии”, да не ја навредуваат УЕФА на стадионот и да истакнуваат политички пароли, со цел да се избегнат казните за клубот.

На прашањето дали може да го очекуваат за време на натпреварите од Лигата на шампиони кои Ѕвезда ќе ги игра на Маракана, Панчев одговори:

“Секако, здравје Боже, доаѓам”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.