Eден од најголемите борци со Ковидот во Прилеп, д-р Горан Кузески е нов директор на Центарот за јавно здравје во градот под Марковите Кули.
Кузески е долгогодишен епидемиолог во оваа институција, човек со големо знаење и висок интегритет и професионалност. Неговиот избор за прв човек на институцијата е толку повеќе заслужен, затоа што Кузески беше еден од најголемите борци во Прилеп против Ковидот, град кој пандемијата најтешко го имаше погодено.
Д-р Кузески на оваа позиција доаѓа на местото на досегашната директорка Драгица Николоска.
Да му честитаме и да му посакаме успешна работа!