Во Вашингтон под сомнителни околности е убиен поранешниот соработник во Националниот комитет на Демократската партија Сет Рич (27). Тој е поврзан со откривањето на “валканите” информации за Хилари Клинтон на Викиликс.
Таткото на жртвата – Џоел Рич – изјави за FOX News дека неговиот син не е виновник што валканите работи на демократите излегле во јавност за време на претседателската кампања.
“На сите кои го знаеа Сет потполно им е јасно дека тој не ги решаваше проблемите на таков начин, бидеќи тој никогаш излез не бараше надвор од системот, односно надвор од Националниот комитет”.
“Причината за неговата смрт веројатно е во тоа што се нашол на погрешно место во погрешен момент. Да, знам дека постојат голем број на претпоставки, но тоа ќе остане додека не се пронајдат нови докази”.
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж нуди 20.000 долари на оној кој ќе понуди информации за убиецот на Сет Рич.
Ф.Г.