Член на ИСИЛ уапсен во Скопје

Полицијата утринава спровела акција во која лишено од слобода е едно лице, член на ИСИЛ.

apsenjeee500

Според неофицијалните информации, акцијата била спроведена во Скопје, а лицето е од населбата Чаир.

Иако се уште нема официјална потврда од МВР, апсењето е продолжување на акцијата „Ќелија“ во која беа опфатени македонски државјани кои учествувале во воени судири, директно или како логостика, на страната на Исламската држава, пред сè на боиштата во Сирија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.