“Чија си” на Тоше Проески ечеше во “Американ Ерлајнс Арена” во Мајами

untitled

Синоќешниот натпревар од НБА лигата, кој Мајами го играше на домашен терен против екипата на Сакраменто, го доби после едно продолжение со резултат 108:96.

Но, она што за нас остави впечаток беше паузата за време на двете четвртини, кога на џамботронот се појави Словенецот Горан Драгиќ кој се најде во улога да избере караоке песна и ја одбра “Чија си” од нашиот Тоше Проески.

Сето тоа го сними Боби Лекоски и го пренесе на социјалните мрежи.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.