Во денешната емисија „Отворено на Алфа“ гостуваше Цветин Чилиманов при што говореше за законот за недискриминација. Тоа што ќе се случи дека наскоро врз основа на новодонесениот закон за антидискриминација ќе имаме некоја брачна двојка во Македонија, истополова двојка ќе отиде во матично ќе се обиде да се регистрира, ќе биде одбиена, ќе однесат тужба врз основа на законот против институцијата, против матичната.
И ќе се обидат на таков начин, не преку нормалната процедура одење во Собрание, изгласување на законот за семејство, појасни Чилиманов. Според Чиломанов редифинирање на законот ќе се случи преку незадоволство на истополовите двојки кои преку новодонесениот закон ќе ги тужат институциите за дискриминација со помош на членови од новата Комисија која е полна со левоориентирани активисти од невладини организации кои со години земале грантови на вакви теми.
Извор: kurir.mk