– Ситуација во државата почнува да се комплицира и политички и здравствено-епидемиолошки. Изборите кои требаше да се одржат на 12 април 2020 година се одложија заради кopoна kpизата и државата почна да функционира со техничката влада и во вондредна состојба која веќе по трет пат беше продолжена од Претседателот на државата, напиша на Фејсбук др. Андон Чибишев.
Во продолжение ви го пренесуваме целиот статус:
“Деновиве сме сведоци дека неодговорни и несериозни политичари бараат изборите да се одржат во јуни 2020 година односно за нешто повеќе од еден месец од денес. Со оглед на тоа дека во текот на последните неколку дена бројот на новозapaзени граѓани со Koвид 19 вирусот се зголемува, се зголемува и бројот на починати, а ние треба да мислиме и да се подготвуваме за избори.
Не ми е јасно како замислуваат да се спроведе предизборната кампања, контактите со гласачите, како да се пренесат пораките до електоратот а да не зборуваме за денот на изборите кога повеќе стотици гласачи ќе тргнат кон гласачките места каде повеќе од 12 часа треба се грижат за регуларноста на изборите голем број на членови на избирачки одбори и овластени набљудувачи на партиите кои ќе учествуваат на изборите.
Во последните неколку дена епидемиолошката состојба е крајно неповолна и наликува на онаа од пред еден месец. Наместо да се подобрува, таа има елементи на влошување. Затоа, барањето изборите да се одржат во јуни е обид да се наметне мислење дека во јуни Македонија треба да изведе организирано самоybиство, односно граѓаните да играт ,, pycки pyлет,, со најдрагоценото, со своето здравје.
Избори мора да има, мора да се изберат преставниците на народот и последователно на тоа да се формираат релавантни и легитимни институции кои во наредниот период ќе ја водат државата. Меѓутоа, мислам дека сега треба да се сконцентрираме на сузбивање на епидемијата на која за жал не и се гледа крајот, а за избори според мене треба да мислиме кон крајот на летото, некаде во првата половина на септември. Дотогаш да се потрудиме да ја стабилизираме епидемиолошката состојба, да им дадеме време на здравствените авторитети да го стават под контрола неконтролираното ширење на болеста.
Моето богато клиничко искуство ми дава за право да кажам дека според мене избори може да има најрано во септември 2020 година. СЕ друго ќе биде голема грешка која може да не воведе во ,, италијанско,, сценарио кое нашиот кревок здравствен систем нема да може да го издржи”.