Четири прилепски фирми на листата 100 најголеми во Македонија: Витаминка најдобро рангирана

Пари во соработка со платформата БизнисМрежа.мк, ви ја претставуваат листата на “100 најголеми” македонски компании, според приходите за 2020 година.

Целта на проектот „100 Најголеми“ е да допринесе кон развој и јакнење на позитивната деловна клима низ промоција на позитивната деловна пракса на најголемите компании по приход, добивка и број на вработени.

Од прилепските компании најдобро е рангирана “Витаминка” која има скок од 2 места за разлика од 2019 година.

Следува “Комфи Ангел” на 85-та позиција со скок од 15 места на листата за разлика од 2019 година.

Американската “Гентерм” се наоѓа на 96-то место, а во 2019 година била 47. Листата ја завршува “Прилепска Пиварница” на 100-то место, која бележи пад од 14 места.

Целиот проект погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.