Во четири православни цркви ширум светот избија пожари за време на велигденските празници.
Српската црква „Свети Сава“ на Менхетен е уништена во пожар, кој избувна само неколку часа, по завршувањето на велигденската литургија.
Пожарот брзо за зафатил црквата, изградена во 1855 година. Црквата во 1968 година е прогласена за знаменитост на Њујорк, а во 1982 година е впишана во американскиот Национален регистер на историските места.
„Њујорк тајмс“ објави дека пожарникарите првата дојава за пожар во црквата, која се наоѓа на 25. улица меѓу Петтата и Шесттата Авенија, нешто пред 19 часот. Во гасењето на огнот, кој брзо се проширил, учествувале дури 168 пожарникари и пожарот по три часа е ставен под контрола.
Портпаролот на противпожарната служба Френк Грибон изјави дека во тек е истрага за причините за пожарот, но дека големата штета, која ја претрпела црквата, би можела да ги искомплицира тие напори.
– Штетата е толку голема, што не може да се најде точката од која избил пожарот. Покривот бил дрвен и повеќе го нема, додаде Грибон.
На Велигден силен пожар целосно ја уништи македонската црква во Сиднеј и при тоа се повредени двајца верници и неколку пожарникари.
Сведоците велат дека пламенот почнал да се шири од кулата на храмот, кој и припаѓа на Македонската православна црква, пред почетокотг на велигденската литургија, во неделата околу десет часот.
Околу 60 пожарникари од 15 станици се повикани за да го изгаснат пожарот, кој траел неколку часа. Околу 60 жители на соседниот дом за старци се евакуирани за време на пожарот, јавија австралиските медиуми.
Во Австралија пожар изби во уште една православна црква, во грчката црква во Мелбурн. кој за среќа е брзо изгаснат.
Во текот на гаснењето се евакуирани 200 луѓе од соседните згради. Во пожарот нема повредени.
Пожарот избувнал само еден ден по велигденската литургија, а полицајците се повикани на лице место, откако минувачите забележале чад од покривот на црквата.
Црквата во источен Мелбурн е најстарата грчка православна црква во австралиската држава Викторија, изградена во 1901 година.
Пожар избувна и во комплексот манастири Валам, на остров во езерото Лагода, во северна Русија.
Чадот и огнот се забележани во неделата изутрината додека православната заедница го прославувала Велигден и зафатил околу 800 метри квадратни од зградата од 19. век, покрај самиот манастир.
Нема информации за повредени, а руските медиуми јавија дека сите присутни биле навреме евакуирани.