Четврта по ред клубска изложба на уметнички фотографии на “Фото клубот” – Прилеп

DSC_5427

Синоќа, во изложбениот салон на НУЦК „Марко Цепенков„ Фото клубот Прилеп ја организира својата, традиционална, четврта по ред клубска изложба на уметнички фотографии во чест на фотографот Јордан Зазоски Зазо. На изложбата се преставија 36 автори со 58 фотографии на слободна тема, направени во текот на изминатата година.

DSC_5429

„Изложбата е ретроспективна од фотографии и покажува во кој правец водат заложите на клубот на полето на уметничката фотографија и колкав е напредокот во изминатите години кај младите фотографи во крирањето на уметнички фотодела. Вклученоста и на новите членови во изложбата, со нивни фотографии, само ја збогатуваат оваа прекрасна фото уметничка колекција„ – истакна  претседателот на  Фото кино клубот од Прилеп, Сашо Попоски

DSC_5430

Изложбата на уметничка фотографија „Јордан Зазоси Зазо“ ја посети и градоначалникот на Прилеп кој не го криеше воодушевувањето од креативноста на младите луѓе и нивната огромна љубов кон фотографијата.

DSC_5425

Тој истакна – „Ме радува што фото клубот Прилеп има доста млади членови. Тоа говори дека градот има иднина за оваа уметност. Воедно, членовите на фото клубот Прилеп се учесници и на многу државни и меѓународни натпревари и секогаш се враќаат со награди. Тоа пак само потврдува  дека со помош на  овој успешен фото клуб младите научиле и знаат добро да ја направат уметничката маѓија, фотографијата, која претставува интересен  момент што го отсликува Прилеп и Македонија„ – рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

DSC_5438
Годинава, новина на изложбата   „Јордан Зазоси Зазо“ беше учеството на новите членови  на клубот кои го преку предавања на искусни фотографи, низа активности и работилници, успеаа за краток период да научат за уметничката фотографија. На најуспешните фотографи клубот им додели признанија и благодарници.

DSC_5506

DSC_5441

DSC_5435




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.