“Spyce’s” роботска кујна е дело на четворица млади инженери од Бостон, кои биле инспирирани од студентскиот живо. Студентите имаат потреба да јадат нешто брзо, вкусно и здраво, а оваа кујна робот е доведена до совршенство да го овозможи сето тоа.
Оваа кујна го готви јадењето за помалку од 3 минути, а истата може да готви, сервира и самата да се чисти.
Храната се порачува преку електронски табли, на кои има приложено 7 различни јадења. Откако порцијата ќе биде готова, вработените ги додаваат само додатоците кои сте ги избрале.
Секоја порција чини 7,5 долари, а единствената локација сега засега е во американскиот град Бостон.
Погледнете: