Четворица Македонци, меѓу кои еден прилепчанец, бараат донации за да ја претставуваат Македонија на Светско првенство

Александар Гацевски, Дарко Станковски, Мартин Јовановски и Владимир Неделковски, за два месеци треба да полетаат за Аргентина на Светско во параглајдинг, но за жал како и за многу други нешта државата не одвојува доволно пари, па четворицата македонски репрезентативци кои зад себе имаат огромен број успеси бараат донации.

Еве што напишаа тие:

-Нашата Македонија, можеби е мала земја но докажано раѓа спортисти со врвни квалитети. Во Параглајдингот можеме да се пофалиме дека имаме пилоти, херои, кои важат за едни од најдобрите во светот. Фактот дека Македонија го живее своето ‘златно време’ во овој спорт повторно се потврди годинава со врвните успеси, подиуми и победи, на нашите пилоти на повеке интернационални натпревари и со тоа, Македонската репрезентација е поканета од Интернационалната асоцијација да учествува во полн 4-член состав на претстојното Светско првенство 2021, кое ке се одржи од 31-ви Октомври до 13-ти Ноември во Аргентина.

За жал нашата земја во моментот не одвојува доволно средства за да се покријат трошоците за учество на Македонија на Светското првенство, а истовремено, нашите пилоти финансиски се целосно исцрпени од изминатите натпревари и не можат да ги покријат и овие трошоци, кои вкупно за целиот тим(патни трошоци, сместување и котизации) изнесуваат околу 10 000 евра.

Со цел да добиеме шанса да го претставиме спортскиот дух на Македонија, ги замолуваме сите кои имаат можност да помогнат преку донација и споделување на социјалните мрежи.

Голема благодарност од МАКЕДОНСКИOT ПАРАГЛАЈДИНГ ТИМ:

Александар Гацевски
Дарко Станковски
Мартин Јовановски
Владимир Неделковски
ЗА МАКЕДОНИЈА !!!

За да им помогнете кликнете и донирајте ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.