Четата на Велески со судни маки до победа

После 8 кола без триумф, екипата на РК Прилеп вечерва конечно победи. На домашен терен е совладан Мулти Есенс и повторно потешко од очекувањата.

Крајниот резултат на семафорот беше 34:31 (16:19 на полувремето). Иако прилепчани имаа водство во првиот дел, кон крајот на полувремето гостите од Скопје стигнаа до 3 гола разлика.

Сепак, четата на прилепчани предводена од капитенот Филип Велески “отрезна” во вториот дел, и иако се мачеа на теренот, сепак стигнаа до толку посакуваната победа.

Владан Кастратовиќ и Пеце Рајатоски постигнаа по 7 погодоци, а еден помалку даде Денис Шабановиќ.

До крајот на есенскиот дел од сезоната, РК Прилеп ќе одигра уште натпревари дома против Еурофарм Пелистер и ќе гостува кај Голден Арт.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.