Честојнова до Заев: Со чија одлука петте директори на ТЕЦ Неготино си ги покачија платите близу 100 посто?

На седница во Собранието на Република Македонија на пратенички прашања, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Павлинче Честојнова, истакна дека не е задоволно од писмениот одговор што го добила од претседателот на владата, а се однесува на АД ТЕЦ Неготино, па повторно праша со чија одлука менаџерскиот тим, односно петте директори на АД ТЕЦ Неготино по стапување на функција си ги покачиле платите за близу 100 посто.

Таа го праша претседател на владата дали е запознат дека Управниот одбор на ТЕЦ Неготино е именуван од Надзорен одбор кој во тој момент бил незаконски со што сите одлуки донесени од негова страна се незаконски.

Истакна дека на истото повторно добила оскуден одговор од претседателот на владата дека не било точно дека Управниот одбор си ја зголемил платата затоа што тој орган е ненадлежен да го прави тоа, а не добила одговор кој им ја покачил платата на петте директори на ТЕЦ Неготино, дали тоа е Владата или Надзорниот одбор.

-Генералниот директор на ТЕЦ Неготино зема поголема месечна плата од Претседателот на Владата, а ништо помали не се ни платите на останатите четири директори кои земаат поголема плата од министрите во оваа влада и сите предходни влади, со што ги заслужија овие директори овие плати, праша пратеничката.

-Другото прашање на кое што не добив одговор од страна на претседателот на владата е незаконското поставување на Надзорниот одбор во ТЕЦ Неготино за кое што ја имам и сета потребна документација, имено двајца од тројцата членови во моментот на извршување на функцијата го немаат соодветното образование. Лице со 180 кредити извршува функција како управител на АД Славија и претседател на Надзорен одбор. Исто и другиот член со 180 ЕКТС извршува две функции и управител на АД Комуналец и член на Надзорниот одбор, вели пратеничката.

-Ова е работа на Јавното обвинителство кое што треба да ги испита сите овие работи затоа што поседувам документи кои можат да го потврдат сето ова што го кажав, вели Честојнова.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.