Македонските ученички – информатичарки на четвртата по ред Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2024), која од 21 до 27 јули се одржува во Велдховен, Холандија освоија два бронзени медала.
Како што соопштија од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), бронзените медали за Македонија ги освоија Јована Трифуноска од Тетово и Атина Рувинова од Охрид, а достоен резултат постигнаа и останатите две членки на македонскиот тим: Сара Стефановска од Крива Паланка и Антонела Владева од Свети Николе.