Македонската глумица и политичарка, како и Д-р по филолошки науки, а моментално директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Валентина Божиновска, вечерва ќе ги предводи прилепчани во маршот “За заедничка Македонија”.
Божиновска е уште еден од многумината познати еминентни личности кои застануваат во поддршка на овие мирни протести во Прилеп, а вечерва ќе се обрати пред прилепчани со нејзиниот препознатлив громогласен глас.
Протестот за “Заедничка Македонија” во Прилеп, започнува во 18 часот, пред споменикот “Прилепски бранители”.
Изминатите 15 дена беа проследени со илјадници и илјадници присутни на овие протести, а ништо поразлична слика не се очекува и вечерва.