Со голот на Стомнароски во 43-та минута, Победа води на полувремето со 1:0 против Кит-Го од Пехчево. Ова е последен натпревар на домашен терен сезонава за црвено-белите, пред гостувањето кај Слога во последното коло.
Со триумф денеска Победа речиси сигурно ќе биде во Прва лига следната сезона, а во оваа мисија денеска на Градскиот стадион “Гоце Делчев” повторно ја бодрат околу 5.000 навивачи.
Беласица која минатиот викенд претрпе пораз од 3:0 во Прилеп, на полувреме води со 1:0 против Слога.