ЧЕКАЈЌИ ЈА ОБЈАВАТА ЗА НОВА ВЛАДА

Во овие моменти кога се очекува објавување на веста за формирање Влада на Р. Македонија, би сакал да одбележам една појава која јасно ја прави разликата помеѓу ВМРО и СДС во Македонија.

milenko_francija_laptop-640x427

Последното гостувања на Соросовата телевизија Телма на директорот на ЕЛЕМ Христијан Мицковски и неговото држење лекција на соросовите платеници  Теменугов од Алсат, Паквовиќ од Дневник и Трајановски, Созен и Христов од Телма, уште еднаш кристално бистро ја покажа разликата помеѓу ВМРО и СДС. Ја покажа разликата помеѓу професионалци и остручени кадри од една страна – и, политиканти, спинери и платеници од спротивната.

Пред сам неколку дена и Отецот Ивица Тодоров беше на Соросовата телевизија Телма, каде покрај стандардниот Сорос-Телма тим, му беше спротиставен и верникот од црквата на Зоран Вранишковски, расколникот Зоран Коко Бојаровски.

Да се потсетиме дека на Соросовата телевизија Телма гостуваа и Цветин Чилиманов, и Ѓорѓе Иванов и редица други не-соросиди, не-сдсмовци и не-Бејлиевци.

Доблеста на тие луѓе што гостуваа на Соросовата телевизија Телма беше искористена и злоупотребена од страна на водителите (Христов, Созен, Кировски, Чомовски) за подметнувања, навреди и клевети.

Но, водителите на Соросовата телевизија Телма засилени со соросови кадри од Алсат и други медиуми се соочија со компетентни, потковани и чесни луѓе што дојдоа во емисиите на оваа Соросова телевизија за да ги образложат аргументите, фактите и за да ја кажат вистината. Да им покажат дека од дебата и вистина не бегаат.

Тие што таму гостувале, а не се од нивна Соросва банда, покажаа многу работи, а пред се храброст. Да отидеш во јазбината на хиените и на такви разлигавени хиени да им се спротиставиш.

И, велам, тие луѓе покажаа дека од дебата и вистина не бегаат.

За разлика од нив соросоидите од Македонија гостување на, за нив, “непријателски“ телевизии е мислена именка. Се сеќавате дека гостувањето на Заев кај Богатинова и кај Латас беше на инсистирање на Амбасадорот Бејли. Тогаш, на сила, беше доведен и туркан во студијата на Сител и Канал 5 “лидерот“ на опозицијата.

Колку што можам да видам од настапите на Латас, Јанко Бурек, водителите од ТВ НОВА, Томиќ сениор, водителите во Радио Слободна Македонија – сите се соочуваат со компелетн бојкот за гостување во нивните емисии од страна на кукавиците од СДС, Сорос и МПЦ.  За гостување во мојата емисија и да не станува збор.

Откако кај мене во емисија Милчин јавно призна дека “кај Велија имало криминал, ама мал“, веќе никој не се реши да гостува. Нано Ружин дојде па избега. Кире Наумов потона. Избегаа од поканите и: Есад Рахиќ, Ивор Мицковски, Жарко Јордановски, таткото и синот Писареви, Ферид Мухиќ, Васко Ефтов, Гордан Георгиев, Ленче Николовска, Емилијан Станковиќ, Јани Макрадули, Зоран Заев, Игор Ивановски, Бранко Црвенковски, Димитар Бузлевски, Бобо Дајнерс, Љупчо Павлевски, Мухамед Зекири…

Па така, дај да си замислиме, зошто кај Латас или кај мене не би дошол да гостува Владиката Тимотеј, како што Отец Ивица отиде на Соросовата телевизија Телма?! Зошто бега да се соочи со вистината во мојата емисија или дневникот на Латас Зоран Заев, ама да не е насила донесен од Џес Бејли и Чарлс Гарет. Што не се осмели да гостува кај мене  Љубомир Костовски од бившото Ад хок тело, како што Цветин храбро оди да гостува на соросоидните телевизии?! Зошто на крајот на краиштата, директорката на Сорос Фани Каранфилова Пановска не се осмели да дојде кај мене, како што борецот против Сорос Чилимаов, гостува каде ќе го викнат?!

Одговорот е јасен: КУКАВИЦИ се. Немаат аргументи, а имаат пари. Парите ги користат да ствараат измислени вистина, па не им одговара да гостуваат таму каде што ќе бидат развалени на парам парче. Се плашат од вистината, се плашат од јавноста, се плашат од народот. Ви звучи познато?! Да, да… Тоа е заштитен знак на однесувањето на сите досегашни состави на СДС(дефинитивно без М).

Тоа е разликата. Разликата помеѓу вистината и лагата. Помеѓу аргументот и спинот. Помеѓу странската пара и домашната мака.

Кукавиците од СДС не успеаја да соберат Македонци да гласат за нив. Затоа мораа да фабрикуваат албанци. Не можеа да преземат ниту со пари, ниту со уцени, ниту со закани ниту еден Македонски патриотски глас. Затоа отидоа таму каде што парата игра а идеата, нацијата, обичните луѓе, иднината, визијата не се важни. Отидоа да крадат и купуваат гласови кај албанците. Ги купија албанците. Македонците не можеа.

Е таа вистина за СДС е причина зошто Мицковски гостува на Топ Тема, а Радмила Шекеринска не се осмелува да оди кај Латас на Дневникот на Сител. Ниту пак Катица Јанева или Ленче Ристовска имаат храброст да дојдат кај мене.

Во Македонија, од една страна имаме кукавици а од спротивната мажишта. Македонија имала секогаш кукавици, кодоши и убијци од заседа: Коте од Руља, Страхил Гигов од Велес, Лазар Мојсов од Неготино или Панта Марина од Митровица.

Но Македонија од секогаш имала многу повеќе мажи, море мажишта: Ѓоко Лазаревски од Лешок, Коста Рацин од Велес, Методија Андонов од Прилеп, Атанас Јанев и Коле Китанов од Струмица, Васил Чакаларов од Бел Камен, Војвода Пинџур и син му Страшо од Ваташа,  Веле Марков од Селце, Солунските атентатори…

Таа и таква е разликата. Има разлика. Од секогаш имало, и секогаш ќе ја има.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.