Чарли Шин: Кога дознав дека сум ХИВ позитивен сакав да се убијам (ВИДЕО)

Холивидскиот актер Чарли Шин пред една година јавно призна дека е ХИВ позитивен, но сега проговори и за тоа како се чувствувал во моментот кога дознал дека е инфициран со смртоносниот вирус.

carli

– Дента кога ми дијагностицираа ХИВ, сакав да се убијам. Но, тука беше мојата мајка и не сакав да го сторам тоа пред неа. Не сакав да ме најде таков и да мора да го чисти сиот тој неред, изјави Шин во интервју за „Добро утро Америка“.

Тој нагласи дека го носи истиот товар на болеста, како и останатите луѓе инфицирани со овој вирус.

Шин обелодени и дека е вклучен во истражување на нов лек против ХИВ, кој наскоро би можел да биде одобрен од надлежните институции.

– Не се работи за некој ужасен коктел, кој води до премногу несакани симптоми кои го исцрпуваат организмот физички и психички. Лекот се зема еднаш неделно и нема никакви симптоми, призна Шин.

Интервјуто на Чарли беше дадено во пресрет на премиерата на неговиот најнов филм „Луди семејства“, чиј трејлер веќе е објавен.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.