Во рамки на деветтото коло од ракометната Супер лига, ракометарите на Прилеп вчера во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” ја дочекаа екипата на РК Охрид.
Иако прилепчани заслужија барем бод, крајниот резултат на семафорот беше 25-26 (12-12 на полувремето).
Тренерот на прилепчани, Грузиецот Реваз Чантурија не е е разочаран од резултатот и упати честитки до своите играчи за борбеноста.
“Еден борбен и добар натпревар од двете страни. Им честитам за борбеноста на моите играчи. Според мене заслуживме барем бод. Охрид е една сериозна екипа со искусни македонски играчи, како и 9 странски засилувања. Не’ чекаат уште многу натпревари и мораме на секој натпревар да извадиме максимум”, истакна тренерот на РК Прилеп, Реваз Чантурија после натпреварот за Маркукуле.
За прилепчани најпрецизни како и по обичај беа Бикоски Христи со 6 погодоци и Шокоски Давор со 8.
Во наредното коло РК Прилеп гостува кај Вардар.