РК Прилеп стигна до првата победа во ракометната Супер лига сезонава, откако денеска на домашен терен ја победи екипата на Вардар Неготино со 22:18 (7:5 на полувремето).
Сега прилепчани со 3 освоени бода се наоѓаат на делба на шестото место на табелата со МРК Куманово.
Домашните ракометари имаа контрола во текот на целиот натпревар, па дури стигнаа и до водство од 8 погодоци во вториот дел.
Најзаслужни за денешната победа беа голманот Стефан Христоски кој имаше дури 22 успешни интервенции, а од стрелците најрасположени беа Христи Бикоски со 5 и Давор Шокоски со 6 погодоци.
Во наредното коло РК Прилеп му гостува на Бутел во Скопје, кој во досегашниот тек од сезоната има три победи и еден пораз.