Американскиот институт за стратегиски предвидувања “Стратфор” смета дека Балканот е уште една “европска арена” која ќе го привлече вниманието на Русија и Западот во последниот квартал од оваа година.
” По контроверзниот референдум во Република Српска кој беше одржан и против вољата на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, се зголемија тензиите помеѓу србите и босанците. Се смета дека овој референдум ќе ги наруши и така лабавите односи меѓу етничките групи во Босна и Херцеговина”, наведува Стратфор во предвидувањата за последниот квартал од 2016 година.
Во текстот на институтот се оценува дека судирот ќе биде со мал интензитет, но поддршката на Москва на српскиот став и можноста за избивање на етнички судири, и дава на Русија уште една арена за посредување во преговорите со европјаните и американците. Во меѓувреме, како што предвидува институтот, Европската Унија веројатно ќе им дозволи на државите од балканот да ги задржат границите затворени како би ги обесхрабриле мигрантите во обидот да допрат до Унијата.
Според Стратфор, Европската Унија ќе започне да дава финансиска помош на државите од Африка и Блискиот Исток како би им помогнале на владите на тамошните земји и на тој начин да се намали миграцијата.
Кон крајот на годината ЕУ ќе започне дебата за својата политика во поглед на Русија и уште еднаш ќе излезат на површина поделеностите меѓу Москва и Унијата, особено кога станува збор за санкциите поради Украина.