Црна Гора ги заклучи српските ријалити шоуа: За да ги заштитат малолетниците од штетни содржини ќе биде ограничено емитувањето

За да ги заштитат малолетниците од штетни содржини на телевизија, во Црна Гора ќе биде ограничено емитувањето на програмите со реални шоуа од Србија.

Оваа одлука беше донесена од Агенцијата за електронски медиуми на Црна Гора (АЕМ), на иницијатива на организацијата „Медија центар“.

Директорот на организацијата, Горан Ѓуровиќ рече дека во центарот се задоволни со одлуката.

-Со години телевизиите од Република Србија преку кабловските оператори во текот на целиот ден емитуваат програми со реални шоуа во кои често се промовира насилство и говор на омраза – нагласува Ѓуровиќ.

Тој додава дека е АЕМ не би донел одлука да ја прифати иницијативата на „Медија центар“ ако за тоа не добиеше јасна политичка наредба од власта.

Министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ, минатиот месец ја повика оваа агенција која е одговорна за регулирање на работата на електронските медиуми, да преземе мерки поради повеќемесечната негативна кампања, која некои српски телевизии ја спроведуваат против Црна Гора.

Од АЕМ пак, оваа одлука ја објаснија како последица од потребата за унапредување на заштитата на малолетниците од содржината што може да наштети на нивниот физички, ментален и морален развој.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.