– Во вчерашната акција под диригентската палка на стручните лица од ДАР ДАМ ГРАДИНА се насадија десет садници Chamaecyparis lawsoniana ‘Ellwoodii’ (благодарност до донаторот на овие садници), потоа повеќе млади садници ФОТИНИЈА РЕД РОБИН и три садници Ginko biloba. Според планираното, ова е последно “пошумување” за есенва. Благодарност до сите кои помогнаа (преку донации, личен ангажман или на било кој начин) да се облагороди просторот околу храмот – напишаа од храмот Св. Петка на Фејсбук.
Црковното раководство во овој храм прави се’ во нивна можност храмот и паркот да изгледаат прекрасно и уредено, но за жал примитивизмот кај поединци никако да исчезне. Имено, во дворот на црквата дрвца се садеа и минатиот месец, кога се насадија повеќе видови садници: quercus rubra (црвен даб), magnolia grandiflora, salix integra и pendula (украсни врби), pon-pon, Thuja smaragd, Juniper blue arrow и повеќе садници на столбести разнобојни ружи, но за жал само неколку дена подоцна непознати сторители уништиле дел од дрвцата.
Од црковниот храм Св. Петка напишаа и дека се краделе цвеќиња и саксии од дворот, а поединци фрлале отпушоци насекаде низ дворо и гаселе во жардињерите со цвеќиња.