Црвениот крст Прилеп помогна на 10 члено семејство во с. Беровци

13045535_10207646421091061_419206733_n

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ)   претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.Македонија. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци,  потенцијални волонтери во организацијата и 45 дисеминатори кои работаат со младинците.

Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.

Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.

Во текот на цилкусот 2015 година обуката ја поминаа 1247 младинци, и беа изработни 192 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа 2687 лица од различни ранливи категории, вложувајќи 28 950 волонтерски часови.

Учесници во овогодинешниот ПХВ циклус преку изработка на мал ПХВ проект решија на 10 члено социјално загрозено семејство од село Беровци општина Прилеп да им излезат во пресрет и да им помогнат со тоа што обезбедија покуќнина и мебел за семејството и тоа: брачен кревет, плакари, кревети, теписи, масички,  алишта, душеци, тостер и слично. Учесниците преку најразлични активности и донации успеаа да ја обезбедат оваа помош и да ги подобрат условите за живот на семејството.

Имплементацијата на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности  (ЦКА-ПХВ) оваа година беше овозможена со поддршка на МЦМС во рамки на Програмата Цивика Мобилитас финансирана од Швајцарсака агенција за развој и соработка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.