Од 21 до 24 август во Прилеп ќе се одржи десеттото јубилејно издание на Меѓународниот меморијален ракометен турнир, кој се одржува во чест на прилепската ракометна легенда, Миле Нешкоски.
Организаторите денеска ги одредија групите и распоредот за турнирот. Како и секоја година, така и оваа, на турнирот покрај домаќинот Прилеп, ќе играат уште пет екипи од Македонија и странство, а оваа година во градот под Марковите Кули доаѓа екипата на белградска Црвена Ѕвезда.
Група 1:
РК Прилеп
РК Бутел
РК Тиквеш
Група 2:
РК Црвена Ѕвезда
РК Пролет
РК Еурофарм Пелистер 2
Покровители на турнирот се: Општина Прилеп, компаниите “Кули” и “Комфи Ангел”, кафемати “Булевар” и Министерството за спорт.
Распоредот на натпреварите ќе биде следен:
21.08.2025
15:30 часот положување на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски
18:00 Пролет – Еурофарм Пелистер 2
20:00 Прилеп – Бутел Скопје
22.08.2025
18:00 Црвена Звезда – Еурофарм Пелистер 2
20:00 Прилеп – Тиквеш
23.08.2025
18:00 Црвена Звезда – Пролет
20:00 Тиквеш – Бутел Скопје
24.08.2025
15:00 натпревар за 5 место
17:00 натпревар за 3 место
19:00 финале
20:30 доделување награди и свечено затворање на турнирот