Црвен тепиx на хуманоста во центарот на Прилеп: Донирајте кој колку може, да го донесеме Божиќниот дyx во секој дом

Сите патишта во Прилеп на 3, 4 и 5-ти јануари нека водат пред параклисот Св. Никола во центарот на градот

-И оваа година поради ковид пандемијата, на наша голема жалост ќе изостанат нашите добро познати ,,Бадникови поворки”

Но, организаторите на оваа манифестација, нема да ви останат должни. За таа цел ќе организираме еден хуманитарен настан во кој ве повикуваме сите вас масовно да земете учество.

Сите сте повикани да дадете свој допринос, и барем малку да допреме до најранливите категории и овие светли денови од големиот празник на Христовото Рождество им донесат радост и утеха од бремето што им натежнало.

Прилепчани се познати по хуманоста, па така нека биде и овој пат. Сите патишта на 03, 04 и 05 jануари нека водат кон параклисот свети Никола пред Божиќната пештера, каде ќе биде организирана хуманитарната акција ,,Црвен тепих на хуманоста”.

Акцијата ќе биде во донирање и поставување на нерасиплива храна пред пештерката од 09:00 до 15:00 часот трите денови!!!

А на 6-ти на Бадник во 10:00 часот детскиот хор при храмот Св. Кирил и Методиј, симболично пештерката ќе ја спроведат од параклисот Свети Никола до бината на плоштадот “Александрија”, каде што хорот ќе се представи со калнди и други Божикни песнички.

Притоа, градоначалникот Борче Јовчески традиционално ќе ги дарува бадникарите со божикни подароци, информираат организаторите на Бадниковите поворки од Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.