Божикниот викенд во Чикаго оваа година бил рекорден по бројот на ранети од огнено оружје – 40 застрелани од кои 12 се мртви, пишува „Индекс“.
Пукањето почнало на Бадник со инцидентот во кој се убиени двајца припадници на банди, а завршиле со големо пукање на Божик во кое двајца припадници на банди се убиени, а петмина се ранети.
Чикаго подолго време е под лупа поради зголеменото насилство во грдот, а од локалната полиција велат дека причината се бандите.
Во 2016 година има голем пораст на насилството во градот, како што пишува „Чикаго трибјун“, во август годинава во градот имало 78 убиства, што е најголем број од 1997 година. Статистиките велат дека има повеќе убиства во Чикаго отколку во Њујорк или во Лос Анџелес.