Конечно доаѓа крај на долготрајната суша и тоа поради влијанието на циклонот Кристијан кој понатаму ќе станува се поизразен, соопштува метеорологот Славчо Поповски.
Денеска ќе има слаби локални врнежи од дожд и тоа особено во јужната половина од државава додека пак во недела ќе ги има на повеќе места за да веќе кон крајот на денот и вечерта од запад да стануваат се поинтензивни и да се прошируваат а локално ќе има и развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.
Во првите денови од следната недела врнежите ќе бидат поинтензивни и локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог додека на високите планини врнежите ќе бидат од снег а температурите на воздухот ќе опаднат за просек од 5 д0 7 степени во одност на оние кој ги имаме сега.
Оваа ситуација конечно ќе стави крај на сушата и значително ќе ја намали можноста од појава на пожари кој во периодов кој измина и тоа како ги имаше во нашата држава.