Фолк пејачката Светлана Ржнатовиќ Цеца наскоро ќе го прослави 45 роденден, а сумирајќи што и се случувало во кариерата, откри за што најмногу и замеруваат нејзините родители.
Имено, Цеца призна дека без оглед на досегашните успеси, нејзините родители не можат да прежалат што нивната ќерка не завршила факултет.
“Единствено што ми замеруваат е тоа што не завршив факултет. И за тоа ми спомнуваат до ден денс. Можам да достигнам највисоки музички успеси, но тие ќе речат “да, но можеше да имаш и диплома на интелектуалец”, така е секогаш”, призна Цеца.