Центарот за јавно здравје известува: Водата во Мермерното езеро делумно добра за капење

1111

Центарот за јавно здравје даде виза за Мермерното Езеро

 

Откако се порасна популарноста на Мермерното Езеро, Центарот за јавно здравје даде зелено светло за капење. Според испитувањата, водата е делумно добра. Недостаток е што нема доволно кислород и е малку заматена. Сепак, капењето е на одговорност на граѓаните, поради немањето овластено лице за одржување на хигиената, но и безбедноста на капачите. Затоа се апелира да не се загадува езерото и да се внимава да не се загрози својата или нечија друга сигурност.

Водата во езерото ќе се испитува секои 15 дена.

Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.