Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ) организираше настан под наслов „Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“.
Извршниот директор на ЦБИ, доц. Д-р Александар Нацев, се осврна на асиметричните методи на влијание во изборниот процес, a Рабин Седрак, специјален советник на ЦБИ за анти-тероризам, зборуваше за терористички закани, стратегии и тактики анализирајќи ги научените лекции од Блискиот исток.
На настанот присуствуваат голем број претставници на дипломатскиот кор, колеги истражувачи од сродни организации на Блискиот исток и домашни експерти и практичари за безбедност.
Настанот беше организиран во согласност со сите безбедносни мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.