Дали би можеле да живеете како Кристијано Роналдо? Јасно е дека тој не се грижи за тоа дали на први во месецот ќе му легне плата на сметката, или колку ќе му остани за отплаќање од земениот кредит. Освен финансиските предности, тука се и предностите на славата, црвените теписи, манекенките, скапи ресторани и.т.н.
Меѓутоа, постои нешто што многумина славни личности го немаат, а тоа е сопствен мир. Како тоа изгледа покажа Роналдо кој одлучил да отиде и да се напие чај во некој шопинг центар, а ниту една минута откако порача не беше “рајат”. Обовожавателите го молеја за фотки. Нему секако тоа не му сметаше со оглед на тоа дека ова видео е замислено како промоција за новите CR слушалки и CR парфеми.
А.Г.