Драматичната најава на американскиот претседател Доналд Трамп за двонеделен прекин на огнот со Иран веднаш ги „собори“ цените на суровата нафта на светските берзи. По неколкунеделна неизвесност и страв од глобален колапс, пазарите конечно здивнаа.
Цената на нафтата од типот Брент забележа пад од 13,3 проценти и сега се тргува за околу 94,74 долари за барел. Уште подрастичен е падот кај американската лесна нафта (WTI).
Сепак, експертите предупредуваат дека иако ова е позитивен сигнал, цените се сè уште значително повисоки од оние во февруари, кога барел нафта чинеше околу 73 долари пред почетокот на конфликтот.


























