Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во централниот Дневник на ТВ “Сител” и ги изнесе импресиите за саботниот голем антивладин митинг кој се одржа пред Владата на Република Македонија.
Мицкоски митингот го оцени со десетка и рече дека граѓаните му кажаа големо “НЕ” на Зоран Заев и владата предводена од СДСМ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ говореше и за барањето за предвремени избори, како и за барањето за формирање на техничка влада 100 дена пред одржвањето на истите.
ВИДЕО: “ТВ СИТЕЛ”