Тотенхем го назначи Португалецот Жозе Мурињо за нов тренер, откако вчера му даде отказ на Маурисио Покетино.
Клубот официјално соопшти дека „Специјалниот“ потпишал договор со нив до крај на сезоната 2022/23.
Од клубот истакнуваат дека Жозе е еден од најуспешните менаџери во светот кој освоил 25 трофеи.
Тој е познат по својата тактичка моќ и ги управувал ФК Порто, Интер, Челзи, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Тој има освоено домашна титула во рекордни четири различни земји (Португалија, Англија, Италија и Шпанија) и е еден од само тројцата менаџери што ја освоија Лигата на шампионите на УЕФА двапати со два клуба, ФК Порто во 2004 година и Интер во 2010 година. Тој е исто така трикратен шампион во Премиер лигата со Челзи (2005, 2006, 2015).