До крајот на оваа година се очекува доведување во финална фаза на градежните работи околу пречистителната станица во Прилеп. При вчерашната посета, министерот за животна средниа Нурхан Изаири, го потврди тоа.
Овој капитален и од огромно значење проект за Прилеп и граѓаните на Прилеп, е вреден 10 милиони евра, од кои 20% се обезбедени од страна на државата, а останатите пари се од ИПА-програмата.
Проектот ќе значи целосно обновување и рехабилитирање на канализационо-водоводната мрежа во Општина Прилеп, како и еколошка заштита на водите и земјоделското земјиште во иднина.
Пречистителната станица ќе биде ставена во функција во 2018 година.