Целосна ренесанса во OOУ “Блаже Конески” во Прилеп

image005 (Copy)

Во комплетно завршна фаза е промената на дограмата во централното училиште во висина од 3.500 000 денари со поддршка и на иницијатива на Локалната самоуправа на општина Прилеп со градоначалникот г-н Марјан Ристески. Старата железна дограма на целото училиште е сменетa со нова ПВЦ дограма. Подобрена е во значителна мера топлотната и звучната изолација на училиштето, како и самиот надворешен естетски изглед. Напоредно со тоа, училиштето успешно аплицираше до УСАИД за обнова на фасадата во централното училиште, во висина од 1.200 000 денари, повторно со кофинансирање на Локалната самоуправа на општина Прилеп.

За училиштето во Варош предвидено е партерно уредување на училиштниот двор во пролетно-летниот период, преку проект изработен од ЈП за Пуп во висина од 2.500 000 денари, проект кој ќе се реализира во две фази.

Училиштето аплицираше и до амбасадата на Р.Германија во Р.Македонија за набавка на надгледни средства за потребите на наставата. Исто така во тек е тендер од сопствени приходи за обнова на внатрешни ѕидови по ходници во централното училиште, за да се покрие и обнови фасадната цигла, во висина од  300.000 денари.

Постојано се врши подобрување на условите за работа на училиштата како во централното училиште, така и во подрачното училиште во населбата Варош, со поддршка на тимот на локалната самоуправа
Од 2008 год. година па наваму реалиизрани се 7 капитални проекти од голема вредност за ООУ “Блаже Конески”.

2008 год. – 1.800 000 денари за промена на кров во училиштето во Варош и реконструкција на санитариите.

2009 год. – промена на подовите во централното училиште со помош од УСАИД во висина од 2.000 000 денари.

2010 год. – повторно со помош од УСАИД извршена е дислокација на котларата со промена на начинот на греење од тврдо во течно, во вредност од 4.000 000 денари.

image001 (Copy)

2011 год. – реконструкција на паркот во централното училиште.

image002

2012 – оградување на централното училиште. Средства од Локалната самоуправа на општина Прилеп, во висина од 2.000 000 денари.

image003 (Copy)

2013 год. со средства од Локалната самоуправа на општина Прилеп, во висина од 1.900 000 денари се реконструира училиштето во Варош. Притоа променети се подови, зидови, тавани, фасада, дограма и се намести централно парно греење во висина од 450.000 денари.

image004 (Copy)

2014 год. – со средства од Локалната самоуправа на општина Прилеп во висина од 2.000 000 денари, се реконструираа санитариите во централното училиште.

2015 год- промена на дограмата во висина од 3.500 000 денари, средства од Локалната самоуправа на општина Прилеп.

Локалната Самоуправа ги препознава потребите на училиштата, ги прифаќа, доделува средства и реализира. Резултатите се очигледни.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.