Целосна доминација на домаќините од ЏК “Бушидо”- Прилеп на Државното првенство во џудо

1

Вчера во Прилеп во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески- Ричко” се одржа Државното првенство за јуниори/ки и саниори/ки во џудо.

На ова првенство настапија вкупно 187 натпреварувачи од клубовите во  Р. Македонија, а организатор беше прилепскиот клуб “Бушидо”.

Домаќините ги заслужија сите епитети за извонредната организација, а нивниот влог вложи со плод и на татамите, каде беа целосно доминантни и освоија 11 медали од 18 натпреварувачи (2 златни, 2 сребрени и 7 бронзени ).

6 5

4 3

2

Прилепскиот клуб “Бушидо”  е во постојан подем, а резултатите не се изненадување кога ќе се има во предвид целосната посветеност и напор во работењето.

Претходно џудистите од “Бушидо” беа целосни победници на меѓународен турнир во Војводина, Србија.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.