Октетот ,,Прилеп,, во четврток 15 август 2019 од 20.00 часот во фоајето на ЦК„Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен летен концерт и пред љубителите на убавата староградска песна ќе се претстави со избрана програма.
Посетителите ќе можат да уживаат во изведбите на повеќе староградски песни, и во настапот на октетот. Гостин на вечерта ќе биде вокалната група „Серенада„ од Скопје.
Октетот години наназад работи под покровителство на ЦК,,Марко Цепенков,, и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Досега има издадено неколку албуми.