Целовечерен концерт на Октетот Прилеп

oktet prilep

Вечерва од 19:30 часот, Oктетот Прилеп ќе одржи целовечерен концерт во Центарот за култура “Марко Цепенков”. Членовите на Октетот на годишниот концерт ќе исполнат дел од композициите од богатиот репертоар и ќе се претстават со македонски, староградски и народни песни, македонски забавни и шлагери од поранешните ЈУ простори.
На концертот кој ќе биде вистинско музичко доживување како гости ќе настапат Андријана Јаневска, Чалгија за мерак и Катерина Поповска. Октетот Прилеп повеќе од 20 години ја одржува традицијата за староградска песна. Членовите велат дека пеат со душа и од срце. Имаат издадено три албуми со 40 композиции.
Подолги години Октетот работи под покровителство на Центарот за култура “Mарко Цепенко”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.