Во сабота 24 септември од 18.00 часот во големата сала од ЦК,, Марко Цепенков,, целовечерен концерт ќе одржи Мандолинскиот оркестар Скопје.На програмата се дела од Моцарт, Верди, Ди Капуа, Кертис, Тошевски, Димитров, Мандонико….Диригенти се Рамадан и Ерхан Шукри.
Мандолинскиот оркестар Скопје е формиран во 2001 година и оттогаш досега е водечки мандолински оркестар во земјата, кој постигнува големи успеси остварувајќи низа концерти низ Македoнија и во странство, настапувајќи со врвни вокално инструментални уметници. Оркестарот е достоен репрезент и амбасадор на македонската музичка култура, уметност и традиција.
Репертоарот на оркестарот е разнолик, со широк дијапазон од оперската, балетската и симфониската музика од цел свет. Исполнуваат и популарна забавна музика, стилизиран и обработен фолклор, дела посебно напишани за мандолински оркестри, компзоиции од македонски автори, како и композиции за деца.