Кристијано Роналдо ја соопшти својата одлука до челниците на “старата дама” во врска со шпекулациите, дали од наредната сезона ќе го носи дресот на Јуве или на некој друг клуб.
Kaко што пренесува “Газета дело спорт”, Португалецот е подготвен да остане уште една сезона во Јувентус и се согласил на преполовена плата.
Медиумите шпекулираа дека од наредната сезона Роналдо би можел да потпише за ПСЖ, додека пак некои го поврзуваа со Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но од тоа нема ништо, вели неговиот менаџер Жорж Мендеш.
Роналдо во Јуве пристигна во летото 2018, а досега за најтрофејниот италијански клуб има одиграно 133 натпревари и постигна 101 погодок.