Во средината на Јужноавстралиската пустина, каде температурата достигнува и до 51 степени целзиусови, се наоѓа гратчето Кубер Педи, каде жителите за да ги избегнат неподносливите горештини, живеат подземја.
Гратчето е познато по најголемиот рудник за опал кој тука се ископувал. Кубер Педи е основан во раните години на 20 век и е познат како главен град на опалот во светот.
Oџаците на куќите излегуваат од песокот во пустината, а наоколу има знаци со предупредување дека постојат отворени дупки.
Според извештај од 2016 година, од ова австралиско гратче доаѓа дури 70% од светските резерви на опал.
Покрај екстремно високите температури во текот на денот, ноќите пак се екстремно ладни. Поради тоа живеењето под земја било единствен начин за да се опстане тука. Идејата за таков начин на живот дошла од австралиските војници кои се враќале од Западниот фронт после Првата светска војна.
Интересно е тоа што во ова гратче има изградено српска православна црква, која исто така се наоѓа под земја.
Во денешно време гратчето е топ туристичка дестинација, па луѓе од целиот свет доаѓаат да го посетат. Во Кубер Педи има подземни хотели и други сместувалишта.
Исто така, ова гратче е примамливо и за филмската индустрија, па така тука е сниман легендарниот дел на филмот “Лудиот Макс” каде главната улога ја толкува Мел Гибсон.