Доаѓа лето и доаѓа истиот проблем во центарот на Прилеп. Цели чопори кучиња се шетаат насекаде, а неретко се и закана за луѓето.
Иако општинските власти ветуваа решавање на овој горлив проблем, сеуште нема изглед дека тоа за брзо ќе се случи.
Ова е редовна слика деновиве во централното градско подрачје, но и во населбите “Точила” и “Марино маало”.