Цели пет дена седел на ве-це шолја за да собори Гинисов рекорд, а таков не постоел (ВИДЕО)

Белгиец седел на клозетска шолја речиси пет дена оваа седмица, во обид да постави светски текорд во оваа бизарна „дисциплина“.

Џими Де Френе, 48-годишник кој во моментов полага испит за возач на автобус, одлучил да преседи 165 часа на тоалетна школка псотавена во центарот на еден бар, но се откажал во петокот утрото по 116 часа.

„Потсмевањето на сопствена сметка е најдобриот хумор кој постои. Зошто го правам ова? А зошто да не? Не постои ништо што го сакам повеќе од тоа луѓето да ми се смеат, бидејќи тогаш јас истото можам да им го правам и ним“, вели за Reuters Де Френе.

Барот „Filip’s Place“ во Остенд бил отворен во текот на остварувањето на неговиот „подвиг“, па неговото семејство и пријателите можеле да дојдат да го бодрат.

Де Френе на секој час време имал право на пет минути пауза кои ги собрал во неколку часа за да отсие малку. Иронично е што му биле потребни паузи за одење по нужда, бидејќи оној во центарот на локалот бил само импровизиран и не бил ставен во функција.

Сепак, седењето не било толку едноставно, како што изгледа. „Бев многу уморен и ме болеа нозете, но верував во својот успех и се обидов да поставам официјален светски рекорд“, вели Де Френе.

Не постои официјален светски рекорд за седење на клозетска школка, но Де Френе открил дека некој друг претходно веќе минал 100 часа на неа. Де Френе рекол дека во Гинис биле известени за обидот да биде поставен светски рекорд, но од таму не биле достапни за коментар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.